Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неодговорно е партија со внатрешна пресметка да претендира да ја преземе власта во клучен период за државата

0
By Ана Василевска on September 26, 2023 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Историјата ќе запамети и ќе запише кае беа и што правеа лидерите и членовите на партијата кога заради нивните партиски интереси Македонија ќе остане на периферијата на Европа, изложена на ветрометината на хаосот што ќе го поттикнат силите на злото.

Пасторалната пресметка меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски на социјалните мрежи, вклучително и врхушката на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, премина во видео пресметка. Во ова расчистување на сметките спарингува и Александар Николоски, а и Милошоски иако овој прилично позадински, не многу истурено, што, впрочем, произлегува од неговиот карактер.

Тоа зборува дека овој, најнов раскол во ВМРО-ДПМНЕ, е на самиот почеток.

Доказ за тоа е и изјавата на Груевски во интернет вклучувањето на еден портал каде што Груевски отворено се заканува кога вели:

„Се трудам да не возвратам силно како што знам. Ги оставам да лудуваат некое време, можеби ќе им помине. Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство (да возвраќаме) тоа води во една друга насока. Но овие луѓе као да сакаат да се случи тоа. Но доколку се решат да се занимаваат со мене до изборите тогаш тука сум“

Јазикот на кој говори Груевски е јазик на автократија и тоталитаризам. Јазик на силата: „ Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство (да возвраќаме) тоа води во една друга насока“.

За која насока зборува Груевски. Насока во која ќе отиде внатрешната пресметка во ВМРО-ДПМНЕ, која сме ја читале, виделе и сведочеле, како онаа во 2004 година кога на конгресот на партијата во хотелот Панорама, вербалната кавга прерасна во физичка пресметка и истрели од огнено оружје.

Тоа не е насоката на Македонија.

И јазикот на актуелното лидерство на ВМРО-ДПМНЕ е далеку од демократски. Напротив и тој јазик е јазик на „заробената држава“ и на опскурните навики на тоталитаристичките служби кога говорат за УСБ-иња кои кријат којзнае какви тајни.

ВМРО-ДПМНЕ одамна не знае што со себе. Дали да биде партија на конструктивната десница или на екстремните десни радикали какви што никнуваат одвреме навреме низ Европа, но секогаш со кусо време на траење, од криза во криза.

Или, пак, исплашени од Левица дома, да флертуваат со левиот национализам, што и да значи тоа, за да ги сочуваат гласовите што полека, ама сигурно, им ги рони партијата на Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ партија со изгубен идентитет.

Всушност, излегува сосема точно тоа дека ВМРО-ДПМНЕ после Груевски, кој го наметна и го градеше античко-националистичкиот идентитет, не успеа да изгради нов, европски, модерен, каков што најавуваше Мицкоски. Сепак, се чини дека тоа беше преголем товар за него кога до себе ги задржа тврдите „гуевисти“ кои сега му вртат грб на патронот од Будимпешта – Николоски и Милошоски.

Наместо да ги тргне на страна и да им даде простор на Муцунски и на другите модерни, проевропски членови на партијата, тој им создаде еко систем на „груевистите“, па затоа денеска Никола Груевски може да каже: „ Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство (да возвраќаме) тоа води во една друга насока“.

Но, доволно е за овој внатрепартиска битка за тронот. Да влезеше во игра Калиси, мајката на змејовите, ќе одвоевме уште некоја епизода.

Вака, не ни останува ништо друго освен заклучокот дека е неодговорно е партија со внатрешна пресметка да претендира да ја преземе власта во клучен период за државата.

Тие внатре во пратијата не можат да се „ујдисаат“ за една заедничка партиска политика, а имаат амбиција да управуваат со сложени процеси што ѝ претстојат на државата.

Оттаму, додека го чекаме епилогот од оваа пресметка, се наметнува прашањето колку оваа „драма на изневерени“ ќе влијае на процесите од стратешки интерес за државата. Прашање на време е кога ќе се гласа за уставните измени и како оваа епизода ќе влијае на исходот кога ќе се пребројуваат гласовите во Собранието.

Да не се случи со матната вода од чистењето на сцената на пресметката да замине и европската иднина на земјата. Прашање е колку ова им е битно на членството на ВМРО-ДПМНЕ, и на здравите сили таму, ако ги има. Зашто историјата ќе запамети и ќе запише кае беа и што правеа лидерите и членовите на партијата кога заради нивните партиски интереси Македонија ќе остане на периферијата на Европа, изложена на ветрометината на хаосот што ќе го поттикнат силите на злото.

Извор: Рацин.мк

ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.