Стотина демонстранти се судрија со специјалците пред хотел во Калифонија каде што водечкиот републикански кандидат за претседателска новимација Доналд Трамп требало да одржи говор, поради што тој морал да се повлече назад во зградата.
Демонстрантите кои биле со прекриени лица и носеле мексикански знамиња ги пробиле барикадите поставени пред хотелот во близина на аеродромот во Сан Франциско.
Полицијата успеала да ги спречи да влезат внатре, но некои од демонстрантите ги гаѓале со јајца.
На телевизиските снимки се гледа како полицијата влече некои од демонстрантите откако Трамп го завршил говорот.
Новиот инцидент синоќа уследи откако претходно околу 20 демонстранти се уапсени на југот на Калифорнија за време на протест одржа во хала каде Трамп во говорот им вети на приоврзаниците дека ако биде избран ќе заземе цврст став против илегалната миграција.




