Published: Tuesday, July 14, 2015 10:26
Деветмина полицајци и голем број навивачи се повредени во синоќешните нереди низ сараевските улици. Во пресрет на вечерашниот квалификацискиот дуел од фудбалската Лига на шампионите меѓу Сараево и Лех од Полска, се случиле неколку судири меѓу навивачите на двата клуба, јавуваат босанските медиуми.
Во судирите се уништени возила, демолирани дуќани и други деловни и станбени објекти. Целосно е уништен и еден автобус со кој во Сараево допатувале полските навивачи.
Од службите за безбедност на БиХ информираат дека постои можност учесниците во инцидентот од Полска да бидат протерани од земјата. Најавен е и разговор со полскиот конзул.




