Published: Monday, March 27, 2017 13:29
Најмалку 18 луѓе се повредени откако големи подвижни скали во трговскиот центар во Хонг Конг ненадејно со цела брзина почнале да се движат наназад.
Вознемирувачкото видео, на кое се гледа како луѓето паѓаат едни врз други, објавено е на социјалните мрежи.
Полицијата потврди дека 18 луѓе се повредени, од кои едно е во тешка состојба поради нагмечување на черепот.




