Тринаесет лица загинаа при уривање на брана во областа Краснојарск, изјави претставник на руското Министерство за вонредни состојби.
Браната во технолошкиот резервоар за ископ на злато се урна вчера во близина на населбата Шетинкино во регионот Краснојарск во Сибир.
Руското Министерство за вонредни состојби испрати спасувачи од соседните региони за помош во справување со последиците од катастрофата. Истрагата за причината за инцидентот е во тек.