Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху најави дека планира да постави ограда околу целата земја за, како што рече, да ја заштити државата од влез на Палестинци и други жители од околните арапски земји, кои ги опиша како “диви ѕверови“.
Како што објави весникот Тајм оф Израел, Нетанјаху планот го објави за време на неговата посета на границата на Јордан на југот од Израел, додавајќи дека проектот ќе чини милиони шекели, но ќе помогне да се реши проблемот со инфилтрација на припадници на Хамас од територијата на Газа.
– Овој проект е дел од повеќегодишниот план за да се обиколи Израел со заштитна ограда со цел да се заштитиме во сегашниот и проектиран Среден Исток. Во нашето соседство, ние мораме да се заштитиме од “дивите ѕверови и предаторите”, изјави Нетанјаху.




