Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека препораките на полицијата да биде обвинет за корупција „нема да резултираат со ништо”.
Во телевизиското обраќање до нацијата синоќа, Нетанјаху ги отфрли наводите дека добивал скапи подароци, вклучувајќи шампањ и скапи пури, од холивудскиот бизнисмен Арнон Милчан, во замена за услуги.
Израелскиот премиер, исто така, е осомничен дека нудел привилегирана позиција на издавач на весници во замена за поповолен медиумски третман.
Нетанјаху изјави дека неговата долга политичка кариера е „исклучиво за доброто на земјата”. Тој ја обвини полицијата дека спроведува „лов на вештерки” против него и најави дека ќе остане на функцијата. Тој го заврши обраќањето со ветување дека ќе остане премиер на Израел и дека ќе се натпреварува за реизбор.
Полициските препораки ќе бидат доставени до државниот обвинител, кој ќе одлучи дали да подигне обвиненија.