Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Не)уставна супремација – кој е на врвот на уставниот поредок собранието или уставниот суд?

0
By Marija Todorovska on August 25, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 25, 2025 12:06

И тие со својата одлука за укинување, а не поништување на одредбите од изборниот закон (со кои старите одредби би се вратиле во сила), свесно да создадат правна празнина и потенцијален “правен и ефективен хаос” на локалните избори и да го “отворат патот” за секаков вид шпекулации и манипулации.

Никица Корубин

“Бидејќи станува збор за укинувачка одлука, а не поништувачка, општо познато е дека ние не сме Законодавец, тоа значи дека со оваа одлука, претходното правно правило не’ оживува. Ние не сме Законодавец, ние може да отстраниме спорни норми. Ова значи дека Законодавецот во најскоро можно време треба да пристапи и да ја пополни оваа правна празнина со нашата одлука …. Во овој момент нема правно правило во кои услови независните граѓани ќе учествуваат. Собранието е должно веднаш да пристапи во уредување на оваа состојба и притоа веднаш да ги земе во предвид сите наши стојалишта…”
Ова е официјална изјава на официјална одлука на уставниот суд за укинување на два члена од Изборниот законик, со кој се регулираат условите за учество на независни листи и независни кандидати на изборите – локални или парламентарни. Или подобро кажано не се регулираат воопшто затоа што, после оваа одлука тие и не постојат.
Со зборовите на уставниот суд, свесно е создадена “правна празнина со нашата одлука”, на крајот на мај месец оваа година, на неполни три месеци од официјалното распишување на локалните извори од страна на Претседателот на Собранието на Северна Македонија и неполни шест месеци од нивното одржување.
Со пропратно “упатство” дека “собранието е должно веднаш да пристапи во уредување на оваа состојба”, каде што “нема правно правило во кои услови независните граѓани ќе учествуваат”, ситуација која патем речено е создадена од самиот уставен суд, со оградување дека тие не се “законодавец”.
Но, дали уставниот суд воопшто е во уставна позиција да “наложи со временски рокови” било што на Собранието (законодавецот) кој што е највисокиот и претставничкиот орган во хиерархијата на власта во државата? Како некој кој што “не е законодавец” може било што да му наложи на “законодавецот”?
А, уставот, кој е над се’, и кој (треба да) го штити токму уставниот суд тоа многу едноставно, јасно и концизно го регулира, па вели:
– “…суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните …” – член 2 од уставот
– “Собранието … е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката…” – член 61 од уставот
– “Уставниот суд … е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста … Собранието ги избира судиите на Уставниот суд…” – член 108 и 109 под уставот
И кога е веќе така, како тоа уставниот суд кој “ја штити уставноста и законитоста”, а не ја наложува; и кои судии се избрани од самото собрание, кој е “претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт”, а “суверенитетот (на државата) произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните” – може да се постави ефективно и симболично над собранието, а со тоа над граѓаните и над државата?
И тие со својата одлука за укинување, а не поништување на одредбите од изборниот закон (со кои старите одредби би се вратиле во сила), свесно да создадат правна празнина и потенцијален “правен и ефективен хаос” на локалните избори и да го “отворат патот” за секаков вид шпекулации и манипулации.
На страна флагрантната “правна неодговорност” на носење на одлука во временски распон на помалку од шест месеци пред изборен циклус; наметнувањето реторичко и ефективно врз одлуките и динамиката на работењето на собранието е најтешкиот “тивок удар” врз функционалноста на уставниот поредок на државата; после одлуката и особено нејзината елаборација, за еден од механизмите на Охридскиот договор (балансерот), патем речено уставна категорија и составен дел од уставот; по кој се должни да постапуваат сите, а особено оние кои ја “штитат уставноста и законитоста” на државата.
Но, дали всушност “независните листи и кандидати” се само мамката за јавноста и “параванот за наративот” каде всушност таргетот е сосема друг? Независните листи се секако ставени во “нелегална зона” на носење на подзаконски акти од страна на ДИК, во манирот на уставниот суд; каде што секој своеволно си го “толкува уставот” што е драстично различно од негова апсолутна и доследна примена; но дали тие (кои се веќе познати на јавноста) се воопшто “главниот проблем”, особено во амбиент на “целосна контрола”?
Или главниот проблем се уставниот поредок и демократските процеси како такви, на држава која треба(ше) да ги отпочне преговорите со ЕУ? А, можеби и потенцијалниот исход на изборите во “албанскиот блок”? Дали проблемот е контролата на “заробената држава” – онаа останата од Прибе? Или уставните измени, кои “јавноста” толку се труди да ги заборавиме, оставани секогаш “за после изборите”? Кои и да се во прашање.
Дали всушност свесните “опструкции” кои се создаваат околу изборниот процес, и “божем гравитираат околу независните”, го означува “крајниот рок” за некоја “промена” и амбивалентниот однос кон неа? А, знаеме каква “промена” е вистинска промена за нашето општество. Особено кога ЕУ со последниот извештај, јасно ги дефинираше сите проблеми.
Дали е време за уставни измени? Дали е време за одлуките кои се одложуваа? Време е за малку вистина. Кога веќе “секогаш е време” за “поигрување” со функционалноста на правниот поредок и европската сегашност на државата. Како единствена хумана и цивилизирана иднина.
И затоа единствениот репер за “нормалноста и функционалноста” на државата, останува односот кон уставните измени и преговорите со ЕУ (и сите вклучени стратешки договори Охридски, Преспански и Договорот со Бугарија, составен дел на нашиот устав)- и тука се мери “зависноста” и “независноста”.
Од Фејсбук ѕидот на авторката 
Никица Корубин Уставен суд уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.