Словачкото Министерство за здравство соопшти дека во земјата sе воведува забрана за пристап на јавни места на лица кои не биле вакцинирани против Ковид-19.

На невакцинираните лица не им е дозволено да влегуваат во продавници, дури и со негативен тест за коронавирус, освен во оние кои се сметаат за неопходни, како што се маркети со храна или аптеки.

„Ние прибегнавме кон затворање на невакцинираните затоа што треба да ги заштитиме“, рече премиерот Едуард Хегер претходно на јавната телевизија РТВС.

Словачка е на четврто место во светот по раст на нови случаи на КОВИД-19, односно регистрираат 917 нови случаи на 100.000 жители во последните 7 дена. Само Словенија, Австрија и соседна Чешка имаат повисоко ниво на зараза.

„Високата стапка се должи на многу фактори, од кои најважен е тоа што имаме многу малку вакцинирани граѓани“, изјави во понеделникот за АФП Петер Висолајски, претседател на Здружението на медицински синдикати.