Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невил: Отказ за човекот кој го продаде Матиќ од Челзи во Јунајтед

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фил Невил со „отровни стрели“ кон Челзи за трансферната политика во летниот преоден рок. Реакцијата на поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ доаѓа по убедливиот пораз на „сините“ од Рома во Лигата на шампиони и во основа се однесува на Немања Матиќ кој на крајот на јули се пресели од „Стемфорд бриџ“ на „Олд трафорд“ за сума од 40,23 милиони фунти.

„Каде тргна лошо по Челзи? – Има еден збор. Матиќ“, изјави Фил Невил за „Би-Би-Си 5 лајф“.

Иако е рано да се говори, сепка, се чини, дека Челзи ја губи контролата врз тронот во англиската Премиерлига. Лондонските „сини“ веќе имаат три порази во десет меча и се четврти на табелата со девет бода минус во однос на Манчестер сити на лидерската позиција. Според Невил, проблемите за составот на Конте почнаа со продажбата на Матиќ во кого загубија многу на средината на теренот.

„Едноставно е. Минута во која решија да го продадат Матиќ е голема грешка. Кога го имате Матиќ пред вас, заедно со Канте, сте заштитени. Кој и да ја донел одлуката за трансфер во Јунајтед треба да добие отказ. Таа е една од најлошите одлуки што сум ја видел досега во Премиерлигата“, дециден е екс репрезентативецот на Англија.

По ремито со Рома во Лондон, Челзи доживеа резултатски дебакл во Рим. Два гола за „волчицата“ постигна Стефан ел Шарави, третиот беше дело на Диего Пероти за прв пораз на еден од петте англиски претставници во групната фаза во ЛШ во тековната сезона.

„Доколку прашате било кој од играчите на Челзи кого би сакале назад, ќе речат Матиќ. Челзи се обиде да ја пополни празнината со Бакајоко, но тој не е ист тип на фудбалер. Тие не го заменија Матиќ. Да бев на нивно место ќе го врзев со ланци за зградата“, коментира Невил.

Челзи веќе во недела попладне го очекува дерби со Манчестер јунајтед на „Стемфорд бриџ“.

Манчестер Јунајтед Немања Матиќ Фил Невил фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.