Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладината „Јасна иднина“ ќе ја тужи Владата оти ѝ ги сопрела парите

0
By Нова ТВ on June 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 23, 2017 15:11

По синоќешната одлука на Владата за стопирање на исплатата на средствата за невладините организации од Македонија, со реакција до медиумите се јави невладината „Јасна иднина“.

Во соопштението потпишано од извесен Валентин Црвенкоски, потпишан како претседател на Здружението на граѓани „Јасна иднина“ од село Небрегово, Долнени, пишува дека најостро ја осудуваат одлуката на Владата за стопирање на исплатата на одобрените проекти од Генералниот секретаријат на Владата.

„Согласно потпишаниот договор, ние сме почнале со изработка на проектот и настанати се првите финансиски импликации за имплементација на истиот. Ние бараме Владата веднаш и без никакво одлагање да ни ги исплати средствата за имплементација на проектот. Ние како организација ја почитуваме одлуката на Владата да побара да се направи ревизија на одлучувањето за доделување проекти. Ја охрабруваме владата и Државниот завод за ревизија да направат комплетна ревизија на процесот на доделување на проектите и доколку се најдат наоди за злоупотреби, сите оние кои учествувале во процедурате на доделување и одлучување за поддршка на проектите, да бидат кривично гонети. Сепак, одлуката за правење ревизија по проектите на никаков начин не смее да го запре процесот на исплата на проектите бидејќи за истите постојат решенија и договори, и расходите за нивно имплементирање се започнати“, пишува во соопштението.

Во реакцијата невладината известува дека за сите направени расходи за проектот ќе поднесат тужби за надомест на штета против Владата бидејќи нивните правни застапници ги известиле дека Владата нема право да го запре спроведувањето на проектот на никаков начин.

Во 2009 година, здружението „Јасна иднина“ беше дел од организациите кои го формираа „Отпорот против Бранко Црвенковски“. Како што објави поранешниот портпарол на СДСМ, Емилијан Станковиќ, ова здружение од своја сметка плаќало огласи во весници по 900 евра, а закупувало и простор во телевизиите кои оделе во ударни  термини, а во кои се зборувало против Црвенковски.

Влада Јасна иднина невладини организации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.