Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладините бараат специјален суд и повлекување на еврообврзницата

0
By Сашка Цветковска on July 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 13, 2016 13:17

Иницијативата на граѓански организации „Предлог за итни демократски реформи“ бара преземање на итни мерки во однос на клучните реформски области кои се предмет на преговори во актуелната политичка криза, соопштуваат од иницијативата која што се состои од група граѓански организации кои подготвија предлог за итни демократски реформи. Тие бараат да не се издаде еврообрвзницата, да не се дозволи легализирање преку закон на владините реклами, а Специјалното јавно обвинителство да добие специјализирано судско одделение кое ќе постапува по нивните предмети. Во продолжените прочитајте ги деталите околу барањата на Иницијативата.

Избори: Промени во начинот на избор и односите помеѓу стручната служба и членовите на ДИК, ОИК и ИО да бидат составени од 1 член од администрацијата и по 2 члена од партиите на власт и во опозиција и да бидат вклучени во процесот на прочистување на Избирачкиот список; Промени во начинот на креирање на Избирачкиот список, а процесот на негово прочистување треба да биде добро испланиран, транспарентен и инклузивен и да заврши пред распишувањето на изборите; Истражување на сите случаи на притисоци врз вработените во администрацијата, покренување на обвиненија и спроведување на судски процеси.

Медиуми: Владата веднаш да го повлече Предлог-законот за владино рекламирање со кој се легализираат досегашните коруптивни односи меѓу сопствениците на медиумите и власта. Да се избере нов состав на советите на Агенцијата за медиуми и на Македонската радио телевизија и да се обезбеди одржлив извор на финансирање за да се зајакне нивната независност и професионалност. Нагласуваме дека, насилството против новинарите мора да запре веднаш, а институциите итно да ги расветлат сите досегашни напади.

Правосудство: Да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство – СЈО преку соработка на сите државни органи, можност да предлага заштитени сведоци, посебен оддел во рамките на Управата за безбедност и контраразузнавање – УБК и независен тим од правосудна полиција и продолжување на рокот за поднесување обвинителни акти од 18 на 24 месеци. Законско формирање на ново специјализирано судско одделение кое ќе постапува по предметите на СЈО со избор на судии преку јавна постапка.

Јавни финансии: Издавањето на Еврообврзницата е нетранспарентно, ја нарушува фискалната дисциплина, води до натамошно влошување на одржливоста на јавните финансии, средствата можат да се користат за задоволување на апетитите на клиентите на владеачката гарнитура. Затоа, еврообврзницата треба да се преиспита низ призма на забелешките од нашиот документ.

СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.