Published: Friday, November 28, 2014 11:56
Најмалку 12 луѓе се повредени, а илјадници жители на Квинсленд во Австралија останаа без струја по големото невреме што го зафати Бризбејн, пренесува Time.
Според метеоролозите тоа е најсериозната бура во градот од пред скоро 20 години.
Вчера попладне брзината на ветерот во градот достигна 140 км / ч., а во самиот центар се истурија фолеми парчиња град, поради кој и локалниот парламент ја прекина работата.
Многу улици на Бризбејн останаа поплавени што парализира сообраќајот, а големиот ветер однесе покриви на згради.
Утрово во расчистувањето на улиците учествуваат како градските служби, така и армиски единици.
Според првичните податоци штетата од невремето може да надмине 100 милиони долари.





