Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Незаборав: 30 март – Граѓанската војна во Грција, поразот на комунистите и македонската бегалска епопеа

0
By Zoran Ivanov on March 30, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2026 10:44

Третата фаза која започнала и завршила во 1946, била избрана десно ориентираната влада, под доста напрегнати услови, борејќи се против вооружаните територии на комунистите. КПГ останала како легална сè до 1948 година, кога и била забранета од страна на Атина.

Граѓанската војна во Грција е една од првите воени конфликти кој се случиле во периодот по завршувањето на Втората светска војна, кој траел од 1946 до 1949 година. Победата над комунистите било благодарение на идното грчко членство во НАТО, како и големата поддршка што во тоа време ѝ ја давала САД на Грција. Ова всушност претставува и започнување на Студената војна од страна на истокот и западот предводени од различните системи на владеење.

Граѓанската војна главно се водела помеѓу вооружените сили на грчката влада поддржувана од страна на САД и Велика Британија од една страна, и грчките комунисти и членовите на најголемата во тоа време антинацистичка организација (ЕЛАС), поддржувана од самата Комунистичка партија на Грција.

Првата фаза од граѓанската војна се одвивала помеѓу 1942 и 1944 година. Левите и десните ориентации на партиите се спротивставувале помеѓу себеси, кое доведувало и до братоубиствена војна. Втората фаза која започнала во 1944 година, социјалистите кои контролирале голем дел од територијата на Грција, се спротивставиле на грчката влада која дотогаш била во бегство, надвор од Грција, поточно во Каиро. Третата фаза која започнала и завршила во 1946, била избрана десно ориентираната влада, под доста напрегнати услови, борејќи се против вооружаните територии на комунистите. КПГ останала како легална сè до 1948 година, кога и била забранета од страна на Атина.

Поразот на комунистите во Граѓанската војна во Грција, поддржувани од Југославија и Албанија, довело до пристапување на Грција во НАТО и зацврстување на влијанието на САД во Егејско Море до самиот крај на Студената војна.

Заднина

Корените на Граѓанската војна лежат во окупацијата на Грција од страна на Германија и Бугарија од 1941 до 1943. Кралот Јоргос Втори и неговата влада побегнаа во Египет каде целата влада се образуваше во егзил кој ги признавале западните сојузници, но не и Советскиот Сојуз. Западните сојузници активно го охрабруваа кралот Јоргос дури и го присилуваа да именува умерени министри. Некој од левицата тврдеа дека владата е нелегитимна, бидејќи имала корени од диктатурата на генералот Јоанис Метаксас од 1936 до 1941.

Германците поставиле колаборационистичка влада во Атина но ни оваа влада немала легитимна поддршка. Марионетскиот режим исто така бил поткопан и од лошата економска политика која предизвикувала неконтролирана инфлација. Некои високо рангирани офицери им служеле на Германците и почнале да се појавуваат паравоени одреди кои попознати се како Сигурносни баталјони. Овие одреди никогаш не биле користени против западните сојузници само против комунистите.

Недостатокот од легитимна влада создаде вакуум во власта, кој бил исполнет со неколку обиди за отпор. Најголем од нив бил Народноослободителниот фронт (ЕАМ) кој бил основан во септември 1941. ЕАМ и неговото воено крило Грчка народноослободителна војска (ЕЛАС) биле создадени од Комунистичката партија на Грција.

Востанието прво избило во Источна Македонија каде Германците им дозволиле на бугарските трупи да ја окупираат грчката територија.

Народноослободителен фронт – НОФ

Народноослободителен фронт (НОФ) била политичка и воена организација на Македонците од Егејска Македонија (Грција). Организацијата била активна во периодот 1945-1949, односно непосредно пред и за време на Граѓанската војна.

Поразот на ДАГ

Од вкупно 50.000 загинати, 20.000 биле Македонци.[

На 7 октомври 1949 година во Бурели, Албанија, уапсени се 11 раководители и активисти на НОФ: Паскал Митревски, Павле Раковски, Минчо Фотев, Вера Николова – Баљова и други.

Прогонот

Прогонети биле повеќе од 50.000 македонски бегалци, од кои 30.000 заминале во Југославија, а 20.000 во источноевропските земји. Од нив 5.479 се настанале во Полска, 4.000 во Романија, 3.800 во Чехословачка, 3.299 во Унгарија, 2.954 во СССР и 103 во Бугарија.

 

бегалци војна грцијам гхрачанска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.