Поради дел од новите ковид-мерки, со кои жива музика е дозволена на свадби и прослави, но не и во секојдневието, во угостителските објекти, Музичарите повторно излегуваат на протест.
Дополнително, угостителите не се задоволни од одлуката на властите да може да се организираат настани и прослави само во отворениот дел од локалите, а не и во затворениот.
Музичарите апелираат до владата да ја поништи одлуката и да дозволи жива музика во сите угостителски објекти, секако со одредени протоколи бидејќи како што велат тие повеќе од 15 месеци не биле во можност да ја работат својата дејност.
Преку Здружението „Музика сега“ во петок 04.06.2021 е најавен протести во Скопје на кој ги повикуваат сите кои работат во оваа индустрија да им се придружат.