Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независната пратеничка група ќе гласа за законите за кои треба двотретинско мнозинство

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 14, 2018 13:27

Пратеничките групи се консултираа за предлог текстот на законот за амнестија, изјави денеска Нола Исмајлоска, пратеник од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Таа кажа дека осумтемина пратеници од оваа параламентарна група ќе ги поддржат реформските закони за кои е потребно двотретинско мнозинство, а кои се на дневен ред на собраниската седница закажана за понеделник.

– Идеите што ги имаме веќе подолг период ги разменивме. Навистина е еден инклузивен процес, сега тоа што го правиме е консултација со правни експерти, секоја пратеничка група се консултира и кога ќе се закаже наредната средба на интерпарламентарната група за интеграција, реформи и помирување ќе ги размениме и тие заклучоци за крајното решение да го извлечеме најдоброто од сите дискусии што ги имавме досега, изјави пратеничката Нола Исмајлоска од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Исмајловска засега нема информација кога ќе се состане интерпарламентарната група, и не знае дали законот би можел да биде ставен на седница во понеделни кога треба да се гласаат и реформските закони за кои е потребно двотретинско мнозинство.

– За реформските закони, сакам во име на осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, да изразам подготвеност да бидеме дел од овие значајни процеси кои и претстојат на Македонија, заради тоа што е впрочем и она што не натера и првично да гласаме. За законите што следуваат – законот за судови, за судски совет, за прекршоци, ќе ги разгледаме, таму каде што сметаме и амандмански ќе реагираме и ќе ги поддржиме сите решенија кои ќе значат подобри решенија за граѓаните, рече пратеничката Исмајловска.

Изрази уверување и дека нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ одговорно ќе пристапат на овој процес и дека активно ќе бидат вклучени и дека сите пратеници заедно ќе ги поддржат овие реформски закони.

Независна пратениќка група поддршка реформски закони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.