Џелал Незири: Иако постои извесен ризик да остане политички изолиран, сепак Таравари поседува значителен коалициски капацитет кој во моментов сите останати партии го посакуваат. Има ризик да остане сам, а како сам, ние сме биле сведоци дека не само малите партии, каква што, условно кажано, е Алијанса за Албанците, туку и ВМРО-ДПМНЕ, како најголема партија во земјата, кога немаше коалициски капацитет, иако ги доби изборите во 2016 година, не успеа да формира влада. Или на локално ниво – може да победите како партија, без коалиција, во првиот круг. Но, во вториот круг ќе ви треба коалициски капацитет за да ги освоите општините. Затоа, јас не мислам дека Таравари претендира да биде сам. Можеби нема да оди во директна коалиција со Европскиот фронт, можеби ќе има необјавена коалиција во вториот круг, каква што имаше во 2017 година со ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: Телма тв.мк