Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ние сме силна нација, ќе се бањаме и во кал ако треба

0
By Менче Атанасова Точи on July 19, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако загадувањето на Дојранско езеро го решија со менување на Правилникот за води сега можеме слободно да се бањаме и на поплавениот плоштад во Прилеп.  Не треба да се испитува надојдената вода од невремето. Се знае. Со новиот Правилник кој стапува на сила од среда водата од трета категорија се претвора во вода со одличен квалитет. Што е тука нејасно?

Дури нема потреба воопшто да ги испитуваат водите. Кога ќе добиеме инфекција на кожата или дијареја и повраќање, сами ќе си знаеме. Ете, мерило. Зошто да се трошат реагенси,  Институт за јавно здравје и така нема пари. Ние сме силна нација, ќе се бањаме и во кал ако треба и во фекалии.  Се според закон и правилници!

Така се води политика во здравството, што мислевте вие? Па, таму во кабинетот на министерот за здравство има еден сериозен тим и тие веднаш наоѓаат решение за се. Еве на пример, кога ќе испратам прашања за некоја тема се знае однапред,  одговор нема,  ама демантот е подготвен уште пред да излезе текстот. Неверојатно колку се брзи и вешти. Имаат добар ментор. Па, нели министерот Тодоров едно време бараше и луѓе со висок коефициент, натпросечно интелигентни? За да го советувале, така објасни тогаш.

За волја на вистината проектот му пропадна, такви млади луѓе кај него во кабинет не дојдоа.  Мене ми беше чудно како ќе го советуваат ако не се стручни за јавно здравство? Но, на Тодоров очигледно му требале досетливи луѓе, повешти од овие што ги има и плус со висок коефициент на интелигенција.  Да бидат мозокот на сите операции! Кога не ги најде се задоволи и со овој тим кој функционира, сто на саат.  Ќе го превртат министерството ако треба,  демант мора да има. Водата е загадена? Од среда, нема да биде загадена! И точка!

Институциите беа за почит едно време! Особено тие што се занимаваат со научна работа! Сега познати и признати експерти кои се занимаваат со научна дејност се препотуваат за да ви објаснат дека водата од трета категорија која е забранета за капење, од среда ќе биде со одличен квалитет. Тие тоа не го знаеле, еве сега го дознале. И тоа е добро, велат! Нашите правилници биле застарени, па и многу ригорозни. Желбата на еден градоначалник и еден министер  за здравство мора да биде исполнета, а власта да остане чиста. Исто како и Дојранското езеро!

Институтот за јавно здравје е во колапс. Тоа е истата онаа институција која ги правеше испитувањата на водата во Дојранско езеро. Сметката е празна и блокирана од извршители. Немаат пари да стават ниту бензин за службените возила, плата не земале  втор месец, а прашање е кога ќе престанат да ги вршат испитувањата и превентивни проверки. Залихите на реагенси се трошат, ги има уште за еден месец . Владата за ова знаела уште од април и не превземала ништо.  Знаеле и во Министерството за здравство кое се наоѓа еден спрат подолу. И тие не превземале ништо. Можело да се помогне со финансиска инјекција, да се зголеми буџетот, да се зголемат парите за превентивните програми.

Можело дури и да испитаат што се случува таму, да видат како се наталожиле толку долгови. Дали добро се менаџирало? Како се правеле тендерите?  Наместо тоа, тие проблемите ги ставиле под тепих. И молчеле. Во моментот кога увидоа дека јавноста ќе дознае за ова, грмело во Министерството за здравство. Имало викање, сослушување, барање начин да се демантира се. Само вистината да не се дознае. Е, па како да им се верува на институциите и на тие што се поставени таму, кои трошат наши пари?

Наскоро во Институтот нема да можат да се прават испитувања на квалитетот на храната, на водата, да се испитува зрачењето,  да се вршат превентивни прегледи, хемиски и лабораториски испитувања, ХИВ/СИДА, да се вршат превентивни и санитарни прегледи.  Сето тоа можело да се спречи уште во април кога била известена Владата или ако реагирал министерот Тодоров. Можел дури да прозбори за ова со директорот на Институтот кога се среќаваат на скалите наутро.  Во иста зграда се.

Алармантна е состојбата во оваа највисока превентивна и научна институција од ваков вид во државата. А, министерот ги крие проблемите.

Слична е ситуацијата во скоро сите македонски болници и клиники кои се дават во долгови. Судски извршни решенија, извршители, закани од веледрогериите дека ќе престанат да испорачуваат лекови, така пулсираат македонските болници. Едни сметки с е исплаќаат, нови постојано пристигнуваат. Како ќе се враќаат натрупаните долгови никој не знае да каже. Во Министерството за здравство оваа тема не е на дневен ред, јавно за ова не се зборува. Важно е дека се купува опрема. Се прават и тендери, централизирани во Министерството за здравство. Како големиот  тендерот за реагенси на пример, кој ги стави во грижа 54 здравствени установи. Прашувате, зошто? Затоа што може да банкротираат со десет пати повисоки цени на реагенси. Исто како и Институтот за јавно здравје во моментот.

А, правењето на барокни фасади, градби и мостови си тече континуирано.

 

 

 

 

 

Загадување Институт фекалии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.