Published: Tuesday, February 16, 2016 13:23
Војската на Камерун ја презеде контролата од терористичката организација Боко Харам над нигеријскиот град Гоши, а во борбите загинале околу 162 бунтовници, пренесе агенцијата АП.
Како што јави министерот за комуникации на Камерун, Иса Чирома Бакари, специјалните сили ослободиле околу 100 луѓе кои беа под заложништво на Боко Харам, а притоа загинале двајца војници.
Изминатиов викенд камеунската војска уништи неколку фабрики за бомби на терористичката организација, и заплени возила, оружје и муниција.
Според Амнести Интернешнл, Боко Харам досега има ликвидирано повеќе од 20.000 луѓе.




