Поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, во своите мемоари, што треба да бидат обајевни утре, открива дека двајца поранешни функционери од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обиделе да ја свртат против политиката на Трамп.
Хејли, како што пренесуваат американските медиуми, во книгата пишува дека поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон и шефот кабинет на Белата куќа Џон Кели, не се согласувале со политиката на Трамп во врска со напуштањето на спогодбата за климатски промени и другите одлуки, но дека верувале дека ја „спасуваат државата“ и сакале да и ги наметнат нивните убедувања.
„Бев шокирана“, напиша Хејли, зборувајќи за состанокот со двајцата функционери, одржна во тајност.
„Кели и Тилерсон ми се доверија дека, кога му се спротиставиле на претседателот, се обиделе да ја спасат земјата. Кажаа дека нивните одлуки, а не тие на претседателот, се во најдобар интерес на САД. Тилерсон ми ја кажа причината заради која им се спротивставувал на одлуките на претседателот, бидејќи да не го направел тоа, луѓето би умирале“, пишува Хејли во мемоарите.
Ова бил прв и последен ваков состанок, пишува Хејли.
„Место мене било што да ми кажат, требаше тоа да му го соопштат на претседателот, а не да бараат од мене да им се приклучам. Требало на претседателот да му кажат зошто се противат и да дадат отказ доколку не им се допаѓа тоа што тој работи. Но, да се поткопува претседателот е навистина опасна работа. И е во спротивност со Уставот и желбите на американскиот народ. И беше навредливо“, вели поранешната амбасадорка.
Трамп го отушти Тилерсон во март 2018 година, додека Кели го отпушти во декември лани.




