Белата куќа во петокот вети дека ќе одговори на одлуката на еден федерален судија во Сиатл кој привремено ја блокираше одлуката на претседателот Трамп за забрана за влез во САД на жителите на 7 муслимански земји.
Преку соопштение Белата куќа изјави дека оваа одлука е “скандалозна”. Но многу брзо потоа го повлече соопштението и испрати нов текст во кој зборот “скандалозно” повеќе го немаше.
Судијата Џејмс Робарт ја донесе оваа одлука откако стаса тужба на наредбата на Трамп за забрана за влез во САД. Тужбата ја поднесе обвинителот на државата Вашингтон Боб Фергусон.
Судијата Роберт беше именува од администрацијата на Џорџ Буш.
Декретот на Трамп од минатата недела забранува влез во САД на жителите на Иран, Ирак, Јемен, Сомалија, Судан, Сирија и Либија и забрана за влез на сите бегалци.
Мерката предизвика бран протести во и надвор од САД и направи хаос на многу аеродроми бидејќи авио компаниите не ги примаа жителите на овие земји да патуваат за САД и покарај регуларните визи.
Од декретот над 600.000 визи биле повлечени, изјави американското министерство за надворешни работи.
Повеќе федерални судии исто така ја блокираа наредбата на Трамп како на пример во Калифорнија и Њујорк но одлуката на судијата Роберт има најголемо влијание.
“Уставот денес победи. Никој не е над законите па дури ни претседателотé, изјави обвинителот Фергусон.




