Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Димитров ги собира незадоволните од СДСМ: Политички кам-бек или тест на можностите?

0
By Соња Крамарска on April 24, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот шеф на дипломатијата и на секторот европски прашања, Никола Димитров формира невладина организација под името Солуција. Во описот освен краткото име Солуција се додава и подолга референца, а тоа е дека полето на дејствување ќе биде – Балкански центар за конструктивни политики.

Промоцијата ќе биде в четврток на 27 април, преку мини дебатен настан наречен „Македонски ден на мрмотот“, на кој ќе учествуваат звучни имиња како Филип Рикер, некогашниот грчки премиер Јоргос Папандреу и Рајнхард Прибе. Тројцата се добро познати на домашната и на светската јавност. Рикер е поранешен амбасадор на САД во Македонија, кој извршуваше и високи позиции во Стејт департментот поврзани со регионот, Прибе е човекот кој се обиде да ја стави нашата земја на реформски колосек но само делумно успеа, а Јоргос Папандреу е припадник на легендарната грчка политичка династија кој кратко беше премиер на Грција за време на бурните настани од должничката криза.

Невладината организација ќе ја претстави Димитров кој е нејзин претседател и коосновач, а високите гости ќе бидат панелисти кои ќе говорат на темата на настанот – излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот.

Меѓутоа она што ја интересира политичката јавност на Македонија со оглед на политичката биографија на Димитров е дали групацијата околу него ќе прерасне во партија со оглед дека тој долго време беше во врвот на македонската политика и дипломатија, што е основа за продолжување на неговите политички амбиции.

Како што дознава Нова за почеток на Димитров му се приклучува групата „Шанса за центар“ на советничката во скопската општина Центар Јана Белчева Андреевска. Се тврди и дека околу Димитров ќе орбитрираат и екс-директорката на Сорос во Македонија Фани Каранфиловска, новинарот и колумнист Ивор Мицковски и други.

Наши извори тврдат и дека „ќе се обединат повеќе организации како платформа на вредности и принципи“ кои ќе се залагаат за „меритократија – вистински луѓе на вистински места“. Како што дознаваме на настанот в четврток ќе говори и познатиот политиколот Марко Трошановски како претставник на „Шанса за Центар“ и на Институтот за демократија. Се најавуваат и други учесници од невладини организации.

Инаку забележително е дека во овие прегрупирања се главно личности кои припаѓале на орбитата на СДСМ, како што е Јана Белчева Андреевска која иако формално независна на локалните избори во 2017 беше носителка на листата на советници на СДСМ за општина Центар. Подоцна влезе во судир со советничката група и со партијата СДСМ и се издвои како „Шанса за Центар“ преку која и денес е советничка во скопската општина која се смета за упориште на социјалдемократите.

Иако во старт се негира било какво политичко дејствување, тајмингот на појавување на невладината организација и нејзините придружни групи се совпаѓа со предизборниот период за претседателските и парламентараните избори кои треба да се одржат во првата половина на следната 2024 година, односно изборниот воз ќе тргне за десет месеци од сега.

Димитров за порталот „Сакам да кажам“ не потврди но ниту негира амбиција за политичка партија. „На почетниот настан ќе ја промовираме нашата невладина организација – Балкански центар за конструктивни политики Солуција, една од нашите први иницијативи. Ќе имаме и домашни и меѓународни важни гости со кои ќе разговараме како да се најде излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот. Повеќе за невладината, но и за конкретната иницијатива ќе кажеме на и по настанот“, изјави тој за „Сакам да кажам“.

Во Законот за политички партии е пропишана одредба дека за регистрација на партија се потребни нотарски изјави од 1000 граѓани – членови на партијата.

Соња Крамарска

Никола Димитров Солуција шанса за центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.