Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбојкарите испишаа историја – за првпат се пласираа на Европско првенство

0
By Нова ТВ on January 10, 2019 ВЕСТИ
Фото: cev.lu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија на сениорско Европско првенство и во четврти екипен спорт. По кошаркарите, ракометар(к)ите и ватерполистите, историја испишаа и одбојкарите. Машката репрезентација направи неверојатен подвиг и по неколкуте обиди во минатото, конечно, успеа до завршниот турнир што е закажан за септември оваа година во Франција, во Белгија, во Холандија и во Словенија. Ждрепката е закажана на 16 јануари (19 ч.) во „Атомиум“ во Брисел, а место во еден од барабаните се резервира со второто место во квалификациската група во конкуренција на Украина, на Швајцарија и на Унгарија.

Одбојкарските коцкички ја дадоа посакуваната слика во последното коло. Откако Шведска и Летонија одиграа по начелото на фер-плеј и славеа на домашен терен над Азербејџан, односно, Израел, па остана на Македонија сама да ја крои сопствената судбина и да брка максимална победа над Унгарија за додавање на списокот со 24 земји учеснички на ЕП 2019. Добиената шанса се искористи (25:21, 25:20, 25:21) за еуфорична прослава на големиот успех среде празната сала во СРЦ „Кале“.

„По доаѓањето на свет на мојата ќеркичка, ова е втор најсреќен момент во мојот живот. Имав претчувство дека фер-плејот ќе дојде до израз во последното коло, дека Швеѓаните и Летонците ќе победат, дека и ние ќе победиме и ќе заиграме на Европско првенство. Овој успех не се мери со ништо што е освоено досега. Ниту клупски титули, ниту МВП признанија или нешто слично не е на ниво на ова. Пласман на Европско првенство беше сон на сите нас. Конечно дојде и таа круна на кариерите на овие момци“, истакна капитенот Никола Ѓорѓиев.

Успехот на македонските одбојкари силно одекна на континентот. Насловот со „спартанците“ е ударен на интернет страницата на Европската конфедерација (ЦЕВ) и претставени се како дебитанти на континенталните смотри. Должно внимание доби и во медиумите во регионот, особено во Србија поради селекторот Никола Матијашевиќ и Ѓорѓе Наход кој е дел од стручниот штаб како статистичар. Одбојкарите можеби сè уште не се свесни што сторија, но, секако, уживаат во моментот што со златни букви ќе биде испишан во домашната одбојкарска историја.

„Тежок период е зад нас. Особено по летото во 2018 година и оној пораз од Хрватска во Европската лига. Тој резултат психолошки ме уби. Накратко ја загубив желбата за одбојка, откако загубивме уште една битка за злато. Но, ова е немерливо. Да се обезбеди Европско првенство, па уште и на домашен терен е непроценливо. Постојано бевме блиску, а далеку, сега конечно сме таму. Игрите и пласман ме прават горд на себе, на сите овие момчиња во националниот тим и верувам дека и во сите останатите спортови Македонија ќе има прилика да навива за своја репрезентација на големите натпреварувања“, додава Ѓорѓиев, член на јапонски Сакаи Блејзерс.

Пласман на ЕП 2019, покрај Франција, Белгија, Холандија и Словенија како ко-домаќини, обезбедија и репрезентациите на Србија, на Русија, на Германија, на Италија, на Бугарија, на Чешка, на Полска и на Турција од претходното ЕП, потоа Романија, Естонија, Словачка, Португалија Белорусија, Украина и Грција како првопласирани во квалификациските групи и Финска, Црна Гора, Македонија, Шпанија и Австрија како петте најдобри второпласирани селекции во циклусот.

Франција ќе биде домаќин на групата А чии мечеви ќе се играат во Париз, во Нант и во Монпелје. Групата Б ќе биде во Белгија (Брисел и Антвепрен), групата Ц во Словенија (Љубљана) и групата Д во Холандија (Амстердам, Ротердам и Апелдорн).

Квалификации за ЕП 2019

Група Ф, 6 коло

Македонија – Унгарија 3:0 (по сетови: 25:21, 25:20, 25:21)

Шцајцарија – Украина 2:3 (20:25, 28:26, 21:25. 25:15, 14:16)

Табела: Украина 16 бода, Македонија 9, Швајцарија 7, Унгарија 4

ЕП 2019 Македонија Одбојка репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.