Реномираниот поет и преведувач Никола Маџиров се здоби со титулата национален уметник. Комисијата која ги разгледуваше инициајтивите за 2016 година беше во состав академик Митко Маџунков, академик Вера Битракова Грозданова, проф. Тања Вујисиќ- Тодоровска, Петре Темелковски, актер и проф. и Беди Ибраим, академски сликар и скулптор.

Никола Маџиров во последните години постојано е на високи културни случувања во светот, и со бројни учества на најетаблирани меѓународни манифестации и фестивали.

Неговата поезија е објавена во над педесетина земји во светот, во Европа, Сад, Азија, Африка, Латинска Америка и во Австралија и преведена е на 41 светски јазик.

Струмичанецот Маџиров е добитник на повеќе книжевни награди како меѓу кои: наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за поетската книга „Преместен камен“ (2007), Европската поетска награда „Хуберт Бурда“, „Левју литерер“ и др.

Со овој нов него епитет досега можеа да се пофалат Симон Трпчески, Милчо Манчевски, Есма Реџепова, Борис Трајанов и Ана Дурловски како врвни репрезенти на културата на Македонија.