Никола Наумоски, граѓански активист, назначен е за шеф на кабинетот на новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
Наумоски ја водеше изборната кампања на Шилегов со која освои околу 40.000 гласа повеќе од досегашниот градоначалник, Коце Трајановси.
Наумоски важи за добар познавач на градските проблеми и со години е дел од повеќе граѓански здруженија кои имаат за цел да ги подобрат состојбите во Скопје.
Наумоски е магистер по политички комуникации.