Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николоски: Ако Бугарите бараат да влезат во македонскиот Устав, тогаш треба и Македонците да влезат во бугарскиот

0
By Sashko on January 28, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Доколку се бара Бугарите да влезат во македонскиот Устав, во преамбулата во случајот, тогаш мора и Македонците да влезат во бугарскиот Устав. Како што Македонците се дел, на пример, од српскиот, хрватскиот Устав, зошто да не бидат дел и од бугарскиот Устав. Значи кога нешто барате, треба и да сте подготвени истото да го понудите и од својата страна“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во „Трилинг“ на ТВ 24.

Николоски појасни дека Македонија има повисока цел, а тоа е почеток на преговори со ЕУ.

Но, кога се разговара за ова прашање, мора да има некој начин на рамноправност, особено во спор кој што по мене е измислен вештачки и ние на ниеден начин не сме го предизвикале ниту како народ, а ниту пак како држава. Ако принципиелно Бугарија отвора некои прашања мора и ние да отвориме прашања. На пример, нема во Македонија во моментов активни пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на непочитување на права на Бугарите во Македонија. Меѓутоа има преку 10 активни пресуди во Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на непочитување на права на Македонците во Бугарија. Обврска на Бугарија како земја членка на Советот на Европа е да ги реализира овие пресуди. Бугарија не ги реализира, нагласи Николоски.

Николоски рече дека тој е член на поткомитетот за реализација на пресудите на Европскиот суд за човекови права и може да каже дека Бугарија има најлошо досие во рамки на Совет на Европа. Исто така од Бугарија многу срамежливо но и гласно споменуваат отворање на Уставот и донесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Николоски посочи дека многу работи се кријат од јавноста.

Во однос на користење на скратеното име, тоа е дел од т.н. објаснувачки меморандум кој што Бугарија го приложи кон одлуките на Европскиот Совет во март во 2019 година. Можеби и јавноста се сеќава дека Владата тоа го криеше од јавноста. И јас тоа преку некои свои канали го добив и прв го презентирав. Таму има многу посуштински прашања. На пример овој дел кој што се поврзува со т.н. територијални претензии што е смешна работа сама по себе е директно поврзан и со македонскиот јазик и одат во една иста глава каде што Бугарија го спори постоењето на македонскиот јазик. И Бугарија бара две работи, првата работа е истиот да биде именуван како официјален јазик на Република Македонија, а не како македонски јазик. Значи да се избрише терминот македонски. И вториот е да се докаже дека македонскиот јазик во суштина е само т.н. јазична форма народски кажано дијалект на бугарскиот јазик. Тоа е директно удирање во темелот на македонската држава за тоа што основата на македонската држава е македонскиот народ и останатите кои што живеат во Македонија и македонскиот јазик, нагласи Николоски.

Николоски рече дека ако се удри во еден од тие два столба, тогаш се доведува во прашање постоењето на државата.

Александар Николоски Бугари Бугарија Македонија Македонци Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.