Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Градиме систем кој превенира корупција

0
By НОВА ТВ on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, денеска беше на редовната координација со седумтте надлежни институции за борба против корупција. Николовски го презентирал степенот на реализација на мерките од Платонт за борба против корупција, како и идните активности што надлежните институции треба да ги преземат. Реализацијата на Планот за борба против корупција е во напредна фаза, но е потребно дополнување со нови мерки во делот на борба против корупцијата, соопштија од Кабинетот на Николовски.

Пред министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорот на Царинската управа Горан Сугарески, директорот на Управата за финасиско разузнавање, Блажо Трендафилов, директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми, претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска – Грашковска и пред преставници од Министерството за правда, Николовски посочи дека во однос на дигитализацијата, сите институции надлежни за борба против корупција, веќе се поврзани на платформата за Интероперабилност и започнуваат со размена на информации и податоци преку оваа платформа. Во следната фаза, како што инфомираат од неговиот Кабинет, следува и поврзување на овие институции со Централниот регистар на население,  со цел брзи и ефикасни постапки.

-До втората половина на август, сите министерства треба да извршат анализа на законите во нивна надлежност, односно мапирање на одредбите кои ги содржат процесите, што треба да се дигитализират, услугите, условите, доказите, начинот на комуникација и начинот на достава.  Се работи за крупна реформа, којашто бара измена на 150 закони, но истовремено се работи за процес којшто е од исклучително значање пред се за граѓаните, но и механизам кој значително ќе придонесе во спречувањето корупција, преку елиминирање на човечкиот фактор, соопштија од Кабинетот на Николовски.

Дигиталната агенда ќе се комплетира со подготовка на модул за пријавување на корупција, како дел од платформата Е-услуги, што веќе е во тек. Николовски, информираше дека во завршна фаза е пдоготвката на кампањата од јавен интерес за спречување на корупција, којашто почува летово, а Владата ќе ја крева свеста граѓаните за препознавање и пријавување на корупција.

На состанокот се отвори дискусија за предлог мерки кои надлежните институции за борба против корупција, треба да ги воведат се со цел ефикасно постапување и сузбивање на ситната коруцпија со која се соочуваат граѓаните. Една од предложените мерки беше воведување на аудио и видео надзор на специфични работни места во институциите, кадешто постои ризик од корупција. Исто така, беше предложено во Јавните обвинителства во државата да се импелментира посебен систем за распределба на предмети. На овој начин, распределбата на предметите би била електронска, со што се потигнува минимизирање на човечкиот фактор и субјективното одлучување при распределување на предметите кај обвинителите.

– Една од мерките којашто беше посочена и на која веќе се работи, е за проширување на опсегот на лицата коишто треба да поднесуваат изјава за имотна состојба и судир на интереси, со која се зајакнуваат механизмите во борбата против корупцијата и судирот на интереси во јавниот сектор на повеќе нивоа, односно лица кои вршат посебни овластувања, контроли  и инспекциски надзор, стои во соопштението од Кабинетот на Николовски.

Имплементирањето на мерките од Планот за борба против корупција, бара заеднички напори, вложувања од сите институции и ставање во функција на сите капацитети, а тој начин, според Николовски, ќе сe постигне целта за систем кој превенира корупција и ја враќа довербата на граѓаните во институциите.

координација Корупција Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.