Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски и Бочварски: Над 95 отсто од втората фаза од патот Куманово – Страцин е завршена, создаваме модерна патна врска

0
By НОВА ТВ Balaban on December 29, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Над 95% од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена, модернизацијата на овој магистрален пат како дел од Коридорот 8 е од особено значење за целата држава, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој денеска, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на завршување на градежните работи на овој магистрален пат. Во оваа втора фаза се рехабилитираа 16,6 километри од селото Војник до Страцин. Вкупната вредност на инвестицијата е близу 7,2 милиони евра.
„Ова е важна патна артерија за поврзување на локалните и регионалните патишта со главните коридори, за граѓаните, но и за компаниите, со која се овозможува лесен и побрз транспорт на луѓе и на производи. Особено ми е драго, што силен акцент ставивме на инвестициите во патната инфраструктура во истокот и североистокот, региони кои со години беа заборавени. Инфраструктурата за која некогаш само се говореше, денеска е преточена во план, програма и реализација. Вложивме 80 милиони евра за патна инфраструктура, за да ги модернизираме клучните патишта во овој регион, делот од Коридор 8“, изјави вицепремиерот Николовски.
Паралелно се изведуваат градежните работи на првата фаза од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 5,4 милиони евра. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година.
Министерот Бочварски потенцираше дека во изминатава година ангажирана е цела градежна оператива во реализација на капиталните проекти во ресорот транспорт.
“Со рехабилитација на оваа делница и изградбата на експресниот пат кон Крива Паланка, создаваме модерна патна врска во североисточниот дел на Коридор 8. Вкупните инвестиции вложени во овој регион за изградба и рехабилитација на патни правци изнесуваат над 80 милиони евра. Дополнително би сакал да потенцирам дека очекуваме реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски да надмине преку 90 %”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми изјави дека минатата година беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и со отпочнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион се комплетира Коридорот 8.
бочварски втората фаза Куманово - Страцин Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.