Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски и Маричиќ на средба со членови на ГИ „Стоп за криминал во судството“

0
By Biljana on August 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот Бојан Маричиќ посочил дека големиот број на разрешени судии е доказ дека работите ги придвижуваме кон правна држава во која владее правото.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ денеска одржаа средба со членови на граѓанската иницијатива „Стоп за криминал во судството“ кои водат спор преку институциите заради претрпена штета, од, како што велат, корумпиран судија од Апелацискиот суд во Штип. Членовите од иницијативата изјавија дека ваквите проблеми датираат од пред десет години.

„На постапката која се води, и претходеше претставка поднесена до мојот Кабинет, која откако ја добивме, соодветно ја проследивме до соодветните органи на истрагата за понатамошно постапување. Присутните на средбата ја поздравија нашата посветеност во решавање на крупните проблеми и оваа наша посета ја оценија како реткост која треба да се поздрави. Ги уверив дека мојата посветеност ќе биде максимална сѐ додека вистински не дојде резултат. Но, ние нема да запреме тука. Следната крупна задача која ја ставивме во нашата агенда е и прочистување на Јавното Обвинителство. Мораме да ставиме крај на корупцијата во секоја пора на општеството“, потенцираше Николовски, пренесуваат од неговиот кабинет.

Министерот за правда Бојан Маричиќ на средбата истакна дека ваквата иницијатива од страна на приватниот сектор е само доказ дека заложбата за функционална правна држава и функционални правосудни институции е заедничка. Маричиќ посочил дека големиот број на разрешени судии е доказ дека работите ги придвижуваме кон она што целиме: правна држава во која владее правото.

„Ваквите процеси на прочистување на правосудниот систем не се воопшто едноставни и лесни, но јасно е дека промени се случуваат. Промените се резултат на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено донесувањето на Законот за јавното обвинителство и измените на Законот за Советот на јавни обвинители и ред други закони. Реформите тука не застануваат, тука започнуваат – преку нивна имплементација на дело. Граѓаните мораат да почувствуваат дека промени има и дека корупцијата реално се намалува“, потенцираше Маричиќ.

„Ваквите средби се показател дека чекориме во вистинската насока и оти ја враќаме довербата на граѓаните. Јас и мојот кабинет остануваме достапни за граѓаните и нивните претставки ќе продолжиме да ги насочуваме кон вистинските органи. Самиот факт што во последниот период има најмногу разрешени судии, укажува на тоа дека се врши ефикасно прочистување на судството по поднесените претставки. Законот за потекло на имот ќе користи како мерка не само судиите да бидат разрешени туку и понатамошни испитувања на нивната имотна состојба. Ги охрабрувам граѓаните да не се плашат, бидејќи нема од што да се плашат и да ја пријавуваат корупцијата секаде каде што ќе ја посведочат“, истакна Николовски.

Бојан Маричиќ Љупчо Николовски правосудство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.