Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Ја прошируваме билатералната и трговската соработка со Руската Федерација

0
By Ivana on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, овие три дена ја предводи владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија. Во состав на делегацијата од Северна Македонија учествува и извршениот директор на македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев. Во рамки на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, вицепремиерот Николовски, како одржа работни средби со ко-претседателот од руската страна на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-екононска и научно техничка соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, Алексеј Груздев и со заменикот-министер за земјоделство на Руската Федерација, Сергеј Левин.

Вицепремиерот Николовски, како ко-претседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка на средбата со ко-претседателот од руска страна Груздев, разговараа за зголемување на соработката во областа на туризмот и унапредување на трговската размена. Воедно, на состанокот Николовски и Груздев ја отворија и темата за зголемување на инвестициите во различни сектори меѓу кои како најзначајни беа потенцирани инвестициите во обвновливи извори на енергија, управување со отпад и пречистителни станици и инвестиции во производствени капацитети.

Руската Федерација е важен трговски партнер на Северна Македонија во делот на извозот на македонски земјоделски производи.

На средбата со заменик-министерот за земјоделство на Руската Федерација Сергеј Левин, се дискутираше за можностите за зацврстување и проширување на билатералната соработка во земјоделството и зголемување на трговската размена помеѓу Северна Македонија и Русија. Вицепремиерот Николовски и рускиот заменик-министер за земјоделство Левин, ја потврдија досегашната соработката помеѓу двете држави, и ја потенцираа потребата од продлабочување и зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор преку организирање бизнис форум помеѓу компании од двете земји, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка помеѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонски производи во Руската Федерација.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николовски ќе присуствува на панел дискусијата во рамки на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, на тема „Односите на Руската Федерација и ЕУ – одговор на предизвиците од денешницата“.

Економскиот форум во Санкт Петербург е уникатен настан во светот на бизнисот и економијата, и се одржува од 1997 година. Од 2006 година се одржува под покровителство на претседателот на Руската Федерација. Во текот на последните 24 години, Форумот е водечка глобална платформа за членовите на деловната заедница да се состанат и да разговараат за клучните економски прашања со кои се соочува Русија, пазарите во развој и целиот свет. Деловната програма на годинешниот Меѓународен економски форум, ќе се фокусира на глобалните и руските економии, социјалните теми и технолошкиот развој.

Корупција Љупчо Николовски Руска федерација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.