Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Корупцијата и криминалот не познаваат граници, да изградиме подобар ссвет за сите нас

0
By Ivana on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите кои ги преземаме на  Генералното собрание на Обединети Нации, а кои се пренесуваат во целиот свет. Ова е заедничка инвестиција, со која ќе изградиме подобар свет за сите нас,  изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во своето видео обраќање на посебната седница на Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации против корупција – 2021, на којашто учествуваа земјите – потписнички на Конвенцијата против корупција на Обединетите нации.

– Република Северна Македонија во 2007 година ја ратификуваше Конвенцијата на Обединети нации против корупцијата, и нејзините одредби станаа составен дел од правниот поредок на Северна Македонија. Вицепремиерот Николовски, во своето видео обраќање посочи дека врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија е борбата против корупцијата, што јасно ја докажа со воведувањето на нова функција во Владата, заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси. Борбата против корупцијата е клучен приоритет во владината рамка „Акција 21“, и тоа е резултат на нашата силна определба за воведување на систем кој генерира и испорачува правда, правна држава,  ред и поредок. Нашата политичка волја и напори за спречување на корупцијата е јасна и недвосмислена. Преку спроведување и имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупцијата, како и преку Планот на Владата за борба против корупција, создаваме општество во кое нема да има место за корупција, општество во кое се почитува правото и заштитата на човековите права за секој граѓанин. И тоа е нашиот влог во иднината, за подобар живот и за просперитетна држава со силни институции., потенцираше, Николовски.

При тоа, Николовски потенцираше дека Северна Македонија за прв пат донесе План за борба против корупцијата, составен од системски мерки, за длабоки реформи во општеството, кој се заснова на неколку столба – дигитализација, механизми за проверка на имот и капитал, конфискација на нелегално стекнат имот, транспарентност, подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција, високо ниво на интегритет и етички стандарди за носителите на јавни функции.

Вицепремиерот Николовски во своето видео обраќање на посебната седница на Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации против корупција – 2021, потенцираше дека Конвенцијата на ООН против корупција, испраќа јасна порака, дека целата меѓународна заедница е одлучна да води бескомпромисна борба против корупцијата.

борба Корупција Љупчо Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.