Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Мора да има одговорност за скандалот со јапонската помош

0
By Нова ТВ on May 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе една недела актуелниот министер Цветков и аболицираниот министер Димовски молчат за скандалот со злоупотребите на парите од „јапонската помош“ и за договорот со Фактор Консалтинг, посочи денеска дополнителниот заменик – министер за земјоделство Љупчо Николовски.

„Во Информацијата во врска со земјоделската механизација од Програмата за зголемување на производството на храна во Р.Македонија доставена до Владата во 2011 година се констатира состојбата со уплата на 272.155.160 денари, средства од компензацискиот фонд, заклучно јануари 2010 година. Тоа е состојба два месеци пред да биде склучен договорот со Фактор Консалтинг. Еве ја таа информација.

Во Изводот за промените на состојбата на сметката на ден 02.03.2016 година се гледа дека состојбата на наплатени средства е 322.869.346 денари или споредбено за целиот овој период има остварено разлика во наплата од 50.714.186 денари.

Согласно договорот кој беше доставен до јавноста, Фактор Консалтинг покрај месечниот паушал ќе наплати и износ од 4.5 % од вкупно наплатениот износ на средства во фондот. Согласно овие официјални податоци тој износ е 2.282.138 денари. Но, од сметката на Јапонскиот фонд се исплатени 6 пати повеќе пари или точно 12.402.378 милони денари.“ вели Николовски.

272

 

Дополнителниот заменик-министер прашува како е можно од сметка на министерството што е наменета за прибирање на стрaнска помош за развој на земјоделството некој да си повлече стотици илјади евра без покритие, констатирано од страна на Комисијата на министерството?

„Во чии џебови се завршени овие стотици илјади евра? Да потсетиме дека тоа го констатирала Комисијата за управување на средствата доделени од Владата на Јапонија или така наречената „Јапонска помош“. Значи не јас, не мојот Кабинет, Комисијата од МЗШВ формирана од актуелниот министер Цветков. Во извештајот се констатира дека на фирмата ФАКТОР КОНСАЛТИНГ од сметката на компензацискиот фонд, извршена е наплата на околу 50.000 евра за месечен паушал и наплата на долг.

Дополнително, дека од оваа сметка повлечени се уште околу 150.000 евра, пари за кои Комисијата на министерството констатира дека НЕМА ПОКРИТИЕ како и зошто истите се повлечени од правниот субјект. За тоа писмено е информиран и министерот Цветков на 30.09.2015 год.

Како може да се исплаќаат овие средства од сметка која е строго наменска и може да се користи само за намена за револвинг набавка на земјоделска механизација?Како може аболицираниот министер Љупчо Димовски да потпише ваков договор? Кој ќе ги врати овие средства во Јапонскиот фонд ? Одговорност мора да има и ќе има! Уште еднаш барам Владата веднаш да издвои средства за покривање на загубите во овој фонд а со тоа и овозможување на користење на овие неповратни средства, праша Николовски.

јапонска помош Министерство за земјоделство Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.