Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски од Битола: Започнавме со доделување на првите 730 решенија за набавка на трактори, поддршка вредна 500 милиони денари

0
By Marta Pesevska on June 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски денес во Битола започнаа со доделување на првите 730 решенија до земјоделците за финансиска поддршка при набавка на трактор. /Фото: Влада.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Модернизацијата на земјоделството значи држење на чекор со времето и технологијата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред себе си има поставено јасна цел, развој и модернизација на македонското земјоделство. Цел на која сите овие години посветено се работи, креирајќи конкретни мерки и политики за поддршка на земјоделците, кои даваат резултати.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски денес во Битола започнаа со доделување на првите 730 решенија до земјоделците за финансиска поддршка при набавка на трактор. Вкупната вредност на поддршката изнесува 500 милиони денари. Финансиската поддршка е во форма на кофинасирање од 50 до 75% од вредноста на тракторот. Овој повик предизвика и до сега рекордна заинтересираност, од кои 2.453 барања комплетно ги исполнуваат критериумите пропишани во јавниот повик.

Министерот Љупчо Николовски во своето обраќање изрази голема благодарност до АФПЗРР, која ја имаше најобемната и тешка задача, да ги собере и во целот обработи сите пристигнати апликации.

„Нашата грижа за земјоделците и инвестирањето во одржливо и ефикасно домашно производство ја продолжуваме. Модернизацијата на македонското земјоделство покрај овој повик за набавка на трактори ја реализираме и преку поддршката за набавка на силоси за зголемување на сточниот капацитет. Потоа поддршката во изградба на мандри за да можат сточарите во своите бачила да инвестираат во објекти за преработка на млекото од сопствено производство. Поддржуваме набавка и на опрема за производство на тутун за да им го олесниме тој процес на тутунарите, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка“ истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Во услови на светска економска и прехранбена криза, предизвикана од војната во Украина, минатата година на 20 април беа распишани четири јавни повици за поддршка и модернизација на земјоделските стопанства, а токму еден од нив беше повикот за поддршка при набавка на трактори, давајќи предност на земјоделците одгледувачи на полјоделски и индустриски култури.

Дополнително новата ИПАРД 3 програма нудиме конкретни мерки за поддршка и модернизација на македонското земјоделство, а македонските земјоделци имаат на распоалгање 200 милиони евра неповратни средства за модернизација на земјоделското производство.

Од оваа година беше креирана и нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, каде преку отворен јавен повик земјоделецот има можност да добие поддршка до 10.000 евра за модернизација на своето производство, одбирајќи сам преку подготвен бизнис план во што и кога ќе инвестира.

АФПЗРР ИПАРД 3 МЗШВ Николовски решенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.