Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Со поддршка на Европската Унија обезбедуваме нова опрема за ГЕН Банката при Институтот за тутун

0
By Marta Pesevska on August 23, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 23, 2023 18:30

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го посети  Научниот Институт за тутун во Прилеп, којшто е една од најстарите научни институции на Балканот и следната година го слави својот 100-ти роденден. Институтот за тутун е важна научна институција во производството на тутун и сите овие години успешно ја извршува своја научна дејност.

Преку Програмата за рурален развој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), обезбеди финансиска поддршка за Институтот во вредност од  5.740.000 денари, за поставување на систем за наводнување (капка по капка) на опитните полиња. Системот наводнува 14 хектари површина на која се сади сортата “Прилеп 66”, која е сопствена сорта на Институтот. Министерот Николовски заедно со директорката на  Научниот институт, проф. Д-р Валентина Пеливаноска ги посети опитните полиња каде веќе е поставен новиот систем за наводнување (капка по капка).

Министерот Николовски исто така ја посети и Ген банката која е во состав на Институтот за тутун, во која се чува семенски материјал од 56 сорти и се одржуваат сите автохтони сорти на тутун.

Преку ИПА програмата со средства од ЕУ Институтот доби нова опрема која ќе помогне за научни цели и поддржување на автохтоните раси. Ген банката, со поддршка на МЗШВ, Управа за семе и саден материјал, преку ИПА проект е доопремена со четири нови, современи апарати и тоа: ртилиште за семиња, aвтоматски електронски бројач на семки, eлектрична сушница и дехумификатор. 

Во текот на денешната посета на Прилеп, министерот Николовски го посети и Музејот за тутун, кој е еден од најголемите тутунски музеи во светот. Оваа година одбележува 100 години од организираното производство на тутун во Прилеп, и 400 години откако тутунот дошол во Прилеп.Музејот содржи над 4.000 експонати. Некои од нив им припаѓале на познати иматели од историјата и кулоарската историја, некои им припаѓале на познати личности од благородништвото или биле користени во посебни историски прилики.

Компанијата БИМФООД од Прилеп е уште еден позитивен пример на успешена ИПАРД приказна, која максимално ја има искористено секоја можност од ИПАРД програмата, со дури три апликации. Преку средства од ИПАРД програмата, оваа компанија има реализирано поддршка во висина од 19,9 милиони денари за набавка на опрема со која го има проширено и модернизирано своето производство, воведувајќи модерни технологии. Како компанија БИМФООД е еден од лидерите на Балканот во собирањето, преработката, пакувањето и дистрибуцијата на диви печурки, а во својата дејност вршат откуп и преработка на овошје и зеленчик.

Во тек е последниот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата во вредност од 8,8 милиони евра наменет за инвестиции во основни средства, опрема, за преработка на земјоделски и рибни производи. Крајниот рок за поднесување на барања за овој повик е до 18 септември 2023 година.

Наскоро преку распишувањето на првите јавни повици започнува и реализиарањето на новата ИПАРД 3. Како земја лидер први во регионот со буџет од над 90 милиони евра европска поддршка ја започнуваме новата ИПАРД програма, за нови инвестици и модернизација на македонското земјоделство.

ипард модернизација Николовски Прилеп Тутун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.