Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски во Кочани: Ја продолжуваме поддршката за производство на ориз, целта е заедно да креираме ефикасни политики

0
By НОВА ТВ Balaban on January 29, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Слушајќи ги денешните предлози на оризопроизводителите се изрази потребата за мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе направиме консултации со сите институции за нивна реализација. Целта е заедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот“, рече министерот Николовски.

Mинистерот за земјоделство, шумарството и водостопанство Љупчо Николовски денеска,  заедно со заменик-министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, и претставници од МЗШВ, во Кочани одржаа средба со оризопроизводителите.

На средбата се разговараше за состојбата со производството на ориз, откупот како и предлозите за поддршка на производството на ориз. Министерот Николовски посочи дека навремената и неселективна исплата на субвениците ќе продолжи, почитувајќи го календарот за исплата на субвенциите за мерките од програмите.

„ Ќе продолжиме да го стимулираме производството на ориз Програмата за директни плаќања за 2022 година, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре. Слушајќи ги денешните предлози на оризопроизводителите се изрази потребата за мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе направиме консултации со сите институции за нивна реализација. Целта е заедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот“, рече министерот Николовски.

Притоа министерот посочи дека во периодот од 2017 до 2019 се зголемија субвенциите за оваа култура, се воведуваа дополнителни мерки за предадена оризова арпа во периоди кога имаше проблеми со откупната цена за што по тој основ се исплатени близу 8 милиони евра. За првпат се воведе мерката за зелена нафта за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта, што за последните три години за 6825 земјоделци корисници на мерката зелена нафта само во Кочани се исплатени  околу 300 илјади евра.

Кочани Љупчо Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.