Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц: Граѓаните се подготвени да слушнат одредени решенија за името

0
By Нова ТВ on January 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц вели дека има позитивен моментум во Скопје и Атина за решавање на долгогодишниот проблем и оти граѓаните во двете земји се подготвени да слушнат одредени решенија и додава дека на средбата во Њујорк на 17 јануари пред преговарачите Васко Наумоски и Адемантиос Василакис ќе излезе со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.

– Низ годините, јас дадов разни сугестии. Некои од нив биле корисни за една од земјите. Некогаш, пак, тие биле корисни за другата земја. Ќе се потрудам да ги земам предвид елементите, кои сум ги слушнал и од двете страни. Не сум претставил ниту една идеја во последниве неколку години. Не беше соодвенто да давам идеи со оглед на тоа што се случуваше. Но, сега мислам дека имаме добри преговарачи. Василакис е искусен и го познава прашањето многу добро. Исто така и Наумовски е многу ефективен дипломат. Тие се и колеги и ќе се обидеме со некои идеи, вели Нимиц во интервјуто за грчката национална телевизија ЕРТ, пренесува МИА.

Смета дека во двете земји пристапот е со поглед насочен кон напред.

– За ова прашање дискутираме повеќе од 20 години и повеќето од идеите веќе биле ставени на маса. Но, секогаш постои нов и друг начин за работите да бидат разгледани, од малку поинаква димензија. Затоа, мислам дека луѓето ќе го гледаат прашањето од малку поинакво светло. Секако, нема ништо што е сосема ново и мислам дека ова веќе сум го кажал. Не постои волшебно решение за ова прашање, нагласува медијаторот.

Во интервјуто  Нимиц порача дека новата Влада во Скопје е многу заинтересирана да го реши прашањето за името и додае дека и грчката Влада препознава дека ова е добар приод и добар чекор за грчката надворешна политика во регионот, да најде решение, за долгогодишното прашање.

– Од овие причини постои позитивен моментум меѓу двете земји. Мислам дека граѓаните во двете земји можеби се подготвени да слушнат одредени солуции, што се од нивни заеднички национален интерес, но исто така дека има одреден компромис тоа да се реши, рече Нимиц.

Напомена дека постојат и други прашања освен името, како што се неговата употреба, но и прашањето за идентитетот, што како што рече предизвивува голема загриженост во Македонија.

– Постојат и други прашања покрај името – неговата употреба, идентитетот…, што предизвикува голема загриженост кај северниот сосед и затоа треба да бидеме исклучително чувствителни во врска со тоа. Постои загриженост и во Грција за некои историски прашања, за историското и културното наследство, учебниците… Овие прашања се важни, но мислам дека има решенија за нив. Двете соседни земји можат да ги решат, ако прво се реши основното прашање, истакна Нимиц во интервјуто.

Во врска со имињата со одредница што во последно време се појавија во медиумите како Северна Македонија, Нова Македонија… вели дека е прерано да се разговара за конкретно решение.

– Би сакал да разговараме за тоа, но сметам дека е прерано за тоа, со оглед на тоа дека средбата е следната недела. Сметам дека не е соодветно од моја страна да почнам да зборувам за конкретни имиња. Очигледно, многу внимание се посветува на некој вид на одредница и за тоа многумина од нас многу размислувале. Но не би сакал во оваа фаза да давам идеи. Она што сега би сакал да го направам е да се сконцентрирам да главното прашање, а тоа е потребата да се дојде до затворање на преговорите и да ги поттикнеме луѓето во двете земји да се фокусираат на постигнување на решение, потенцира Нимиц.

ЕРТ името интервју Нимиц предлози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.