Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц на средба со преговарачите за името во Брисел

0
By Нова ТВ on December 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, денеска и утре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Средбата, како што најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името.

На разговорите во Брисел, Наумовски ќе го придружува дипломат од МНР, а во ист формат кој е договорен со Нимиц, ќе биде и од грчката страна.

Предвидено е медијаторот денеска да има одвоени средби со претставниците на двете земји, а утре во зависност од текот на разговорите, да биде одржан и заеднички состанок.

Засега нема официјални навестувања дали Нимиц ќе излезе со нови идеи, сугестии или предлог, иако грчките медиуми не ја исклучуваат таа можност.

Тој неодамна во изјава за Независната Балканска новинска агенција – ИБНА рече декаќе даде нов предлог кога ќе смета дека е најдобро време за тоа, но оти гледа добра волја за решение кај двете страни, а се надева и дека ќе бидат надминати т.н. црвени линии поставени од Атина и Скопје.

Новата рунда разговори доаѓа во период на подобрена политичка клима меѓу Македонија и Грција, како и оптимистички очекувања од Скопје и Атина, но и од Вашингтон и Брисел за ставање крај на долгогодишниот спор.

Македонскиот премиер Зоран Заев во повеќе наврати изјави дека треба да се направи исчекор и оти сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција. Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Заев истакна дека треба да се најде решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни.

– Или двете страни ќе бидат подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни. Таков е компромисот. Но, верувам дека како политичари, можеме да добиеме повеќе, ако имаме храброст да најдеме решение и да донесеме одлука, отколку да го одложуваме, како што беше случај во минатото, изјави Заев.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, очекува позитивни случувања во однос на прашањето со Македонија во 2018 година доколку, како што вели, Скопје одлучи да направи позитивни чекори напред.

– Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение. Во таков случај јас ќе бидам првиот кој ќе ја гарантира европската перспектива, безбедност и сигурност на соседната земја, порача Ципрас завчера од Белград по средбата со негвоите колеги од Србија, Бугарија и Романија.

Оптимизам дека спорот конечно може да се реши искажаа и американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји и еврокомесарот Јоханес Хан.

Последната формална рунда разговори на медијаторото на ОН со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014./МИА

Адемантиос Василакис Васко Наумовски Грција Македонија Метју Нимиц Преговори за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.