Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниските казни за сообраќајки со смртни последици создаваат недоверба во правдата

0
By Соња Трајковска on April 15, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 15, 2019 15:46

Одлуката на Апелација да ја намали казната од четири на три години затвор на возачот кој во 2015 година ја прегази студентката Фросина Цековска на Партизанска, отвори дебата за казнената пракса во нашата земја за тешки дела по безбедноста во сообраќајот каде има жртви. Минималната казна што ја предвидува законот е четири години затвор, без да биде дефиниран максимумот. Но, судската пракса покажува дека во вакви случаи многу ретко се изрекува минималната казна, а камо ли повисока.

Судот и невладините со различна статистика

Кривичните дела против безбедноста на јавниот сообраќај во Кривичниот закон се дефинирани во делот од член 297 до член 304 и се однесуваат на загрозување на безбедноста со опасно дејство, против имотот, тешки дела, неукажување помош на повредено лице, несовесно вршење надзор над сообраќајот и други.

Според Државниот завод за статистика во 2017 година, 2.505 лица се осудени за кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, од кои 1.350 се во Скопје, додека за 2018 се нема податоци.

Од Коалицијата сите за правично судење велат дека за кривично дело Загрозување на безбедноста во сообраќајот (Чл. 297 од КЗ) во многу  висок процент барем во скопскиот Кривичен суд се изрекуваат само парични казни. Според судската пракса, за да има условна осуда или казна затвор треба да станува збор за чл.300 односно за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Во базата на податоци во Основниот суд Скопје 1 во изминатите две години со правосилна пресуда за кривичното дело  со смртни последици се три предмети. За едниот, Кривичен во 2016 г. пресудил казна затвор од 6 години и шест месеци, но Апелација ја укинала оваа пресуда и предметот е вратен на повторно судење, при што со пресудата во 2017 година казната е намалена на 4 години затвор и таа е потврдена од Апелацискиот суд.

Вториот случај е од 2017 година, каде казната затвор што му е одредена на сторителот е 2 години и 6 месеци и таа е потврдена од Апелација. Во третиот случај, во 2017 г. сторителот на вакво дело е казнет со 8 години затвор, но пресудата е укината од повисокиот суд и предметот е вратен на повторно судење, по што во 2018 година, изречена е првостепена пресуда со казна затвор од 6 години, која потоа е потврдена и од Апелација.

Невладината Коалиција сите за правично судење која ги следи судските процеси, евидентирале четири правосилни пресуди за кривичното дело „Тешки  дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ (по член 300  ст.2 вв. Ст.297 ст.1 од КЗ), односно сообраќајни несреќи со смртни последици. Од нив две се со условни казни, во еден случај изречена е казна затвор од една година и 6 месеци и во еден случај тоа е казна од една година затвор.

Бизарни образложенија за условни казни

Во последниот случај за кој одлучуваше Апелација, признанието на вина од обвинетиот возач Љубиша Видојковиќ кој ја прегази студентката Фросина Цековска и измената на обвинителниот акт се причина поради кои Апелацискиот суд ја намали затворската казна од 4 на 3 години.

Во образложението на пресудата Апелација пишува дека „при определување на видот и висината на казната советот ги имаше предвид сите олеснителни и отежнувачки околности на страна на обвинетиот, признанието на вина и досегашната неосудуваност на обвинетиот, како и други околности, а особено околностите под кои се случила сообраќајната незгода.

„Според приложеното вештачење е утврдено дека придонес за сообраќајната несреќа покрај обвинетиот кој го управувал возилото под дејство на алкохол од 1,13 грам промили и со брзина од 85км/час која била поголема од ограничената 60км/час за град Скопје, свој придонес има и оштетената која како пешак го минувала коловозот на запалено црвено светло за пешаци“, пишува во образложението од Апелација.

Во обвинението било изоставено делото „неукажување помош на повредено лице“ со кое Видојковиќ се товареше, поради тоа што не застанал откако ја прегазил 19 годишната Цековска.

Освен тригодишната казна затвор, на Видојковиќ му е изречена и казна забрана за управување со моторно возило од Б категорија во период од 1 година.

Натали Петровска од Коалицијата сите за правично судење во интервју за 1 ТВ откри дека во периодот наназад има и бизарни образложенија за одредување на условни казни.

-На пример, дека обвинетиот е татко на две малолетни деца, во конкретниот случај се работи за таксист, тоа му е дејност со која го издржува своето семејство и не може да оди во затвор, бидејќи мора да ги издржува децата. Кога станува збор за малолетни сторители на пример, се случуваат сообраќајки и со мотори. Таму имате уште побизарни ситуации, каде се изрекува мерка заштита надзор од родители, а во постапки каде има кривично дело со смртни последици, вели Петровска.

Благите казни создаваат несигурност во правосудниот систем

Петровска за НОВА укажува дека, бидејќи се работи за често кривично дело, казнената ситуација мора да биде поригорозна, бидејќи ова благо казнување, кај жртвите и оштетените креира слика на несигурност во правосудниот систем, но и на несоодветна казнивост на генерален план.

-Факт е дека казнената политика е преблага за овие кривични дела, а законски предвидениот минимум кога станува збор за член300 ст.2, всушност претставува исклучок при изрекувањето на казните од причина што тие редовно се ублажувани и под тој минимум. Во голема мера казните се условни и под законскиот минимум што остава слика на голема “толеранција” од страна на државата за овој вид на казниви дела. Во принцип, кога некое кривично дело систематски се повторува и опфаќа некој континуиран процент  на присутност како такво во едно општество, казнената политика би требало да е построга со цел да се делува превентивно како на конкретните сторители на тоа дело да не го повторуваат, така и на идните за да се превенира оваа појава. Но за жал, кај нас не се обрнува внимание на ова, па секојдневно сме сведоци на нови и нови сообраќајни незгоди, смета Петровска.

Од Коалицијата сите за правично судење истакнуваат дека освен за кривичните дела, судовите, но и МВР би требало да ја заострат својата казнена политика и за прекршоци во сообраќајот, односно толеранцијата на алкохол во крвта да се сведе степен на неприфатливост односно “нула толеранција”. Петровска укажува дека токму овие тешки облици на ова кривично дело со смртни последици, во голема мера се резултат на алкохолизирана состојба кај возачите.

Во случајот со прегазувањето на Цековска, кај Видојковиќ се констатирани 1,13 грам промили алкохол во крвта.

Годишно, во сообраќајни несреќи на македонските патишта загинуваат повеќе од  140  лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.