Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниту е нешто ново, ниту загрижувачко – Синод на МПЦ-ОА по изјавата на викарниот епископ на СПЦ, Антониј за можен раскол на Фанар

0
By Mirjana on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синодот на МПЦ-ОА не е вознемирен и не сака да ја коментира изјавата на викарот на патријархот на Српската православна Црква Порфириј, моравичкиот епископ Антониј дека му се заканувало раскол на Фанар, односно на Вселенската патријаршија ако го признаела афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.  Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Владиката Тимотеј за НоваТВ, само кусо прокоментира дека „оваа и ваква изјава, ниту е нешто ново ниту е загрижувачко“.

Владиката Петар пак, додава дека „изјавата на викарниот епископ Антониј, не е точна зашто последната одлука донесена на Вселенски Собор и која сеуште е во сила е онаа од втората половина на 8-иот век, а според која афтокефалии доделува Вселенската патријаршија а не Сеправославниот Собор. Дотолку повеќе што Српската Православна Црква, Руската Православа Црква, Бугарската Православна Црква афтокефалии примиле од Вселенската Патријаршија, а не на Вселенски собори. Тука е и Албанската Црква која афтокефален статус добила во 1937 година, Грчката во 1850 , во 1864 Романската Православна Црква и сите тие како Полската и Чешката, афтокефалниот статус го примиле од Вселенската патријаршија и тоа така ќе биде додека не се измени оваа одлука и не се донесе поинаква на Сеправославен Собор. Нешто што не успеа на последните два собора одржани на Крит и во Шамбеси, Швајцарија“, вели за НоваТВ, Владиката Петар,

Како што е веќе познато, Српската православна црква, преку викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена афтокефалноста на МПЦ-ОА.

– Доколку бидат донесени какви било решенија по прашањето на Македонија и Црна Гора, може во најбрзо време да се очекува таква несреќна појава, која може да го наруши евхаристиското општење меѓу Константинопол и Српската црква, рекол епископот Антониј.

СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и до вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој пред пандемијата,најави средба на која би присуствуале претставници и на МПЦ-ОА и на СПЦ, но таква средба досега не е реализирана.

 М.Трпческа

 

МПЦ- ОА НЕ Е ЗАГРИЖЕНА ОД ИЗЈАВАТА НА ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП НА СПЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.