Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Њу момент“- маркетинг агенција на годината во Европа

0
By Нова ТВ on October 12, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 12, 2013 17:48


Македонската маркетинг-агенција „Њу момент“ од Скопје е прогласена за најдобра агенција за 2013 година на „Голден драм“, најголемиот европски фестивал за адвертајзинг, што веќе 20 години се одржува во Порторож, Словенија.

Освојувајќи пет Гран-при признанија и едно злато, „Њу момент“ беше најуспешна во конкуренција на 307 други агенции од 26 држави во т.н Нова Европа (Северна, Источна, Централна, Јужна Европа, Русија и Блискиот Исток) кои учествуваа со свои кампањи и решенија.

– На нашиот јубилеј, 20 години од формирање на агенцијата, „Њу момент Скопје“ докажа дека може рамноправно да се натпреварува со најдобрите од Европа и од светот. Победите на мала сцена за нас никогаш не биле предизвик. Оваа година ги постигнавме најголемите успеси и ги освоивме најголемите европски и светски награди кои постојат во оваа сфера и докажавме дека адвертајзингот нема само комерцијална, туку и уметничка и општествено корисна функција. Ова е успех за целата креативна индустрија во Македонија, изјавува Сашо Пешев, директор и партнер на „Њу момент“, преку соопштение на оваа агенција.

Кампањата „Заедничка молитва – 10 метри одвоени“ освои четири Гран-при статуетки во категориите: нови и иновативни кампањи, најдобар настан, најдобра радио-кампања и бренд на годината. Кампањата за годинашниот Скопски џез-фестивал освои Гран-при за најдобар дизајн и злато за најдобра кампања во надворешното огласување.

Покрај наградата за најдобра агенција, регионалниот креативен директор, Душан Дракалски ја доби и специјалната награда Златен часовник, за најнаградуваната кампања на фестивалот „Заедничка молитва“ од проектот за соживот на Владата на Република Македонија.

Во јуни годинава, „Њу момент“ со кампањата „Заедничка молитва“ го освои и Титаниумскиот лав на фестивалот на креативноста во Кан, највисока награда во адвертајзингот, а воедно прва за Македонија и во регионот. Со тоа го потврди епитетот најкреативна и најнаградувана македонска агенција на меѓународното поле на креативноста.

Долга верзија на награденото видео:

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.