Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Нобелова награда за медицина за Џулиус и Патапутијан – откриле рецептори за температура и допир

0
By НОВА ТВ Balaban on October 4, 2021 ЗДРАВСТВО, СВЕТ
EPA-EFE/Jessica Gow / POOL SWEDEN OUT
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џулиус, преку користењето на капсацаинот, лутата состојка од чили-пиперките која предизвикува лута сензација, го идентификувал сензорот во завршетокот на нервите на кожата кои реагираат на топлината. Патапутиан користел клетки чувствителни на притисок за да ја открие новата класа сензори кои реагираат на механички стимуланс во кожата и внатрешните органи. Патапутиан дознал дека е добитник на Нобелова награда од неговиот 92-годишен татко, откако генералниот секретар за Нобеловото собрание и Нобеловиот комитет, Томас Перлман, не успеал да го добие на телефон – му бил ставен на „не вознемирувај “.

Американските научници Дејвид Џулиус и Ардем Патапутијан се добитници на годинешната Нобелова награда за психологија или медицина за откривање на рецептори за температура и допир, соопштија денеска од Нобеловиот комитет .

Џулиус, преку користењето на капсацаинот, лутата состојка од чили-пиперките која предизвикува лута сензација, го идентификувал сензорот во завршетокот на нервите на кожата кои реагираат на топлината. Патапутиан, пак, користел клетки чувствителни на притисок, за да ја открие новата класа сензори кои реагираат на механички стимуланс во кожата и внатрешните органи.

„Овие револуционерни откритија покренаа интензивни истражувања кои водеа кон забрзано сфаќање на тоа како нашиот нервен систем чувствува топлина, студ и механички стимуланси. Лауреатите ги идентификуваа критичните алки кои недостасуваа во нашето сознание за комплексната поврзаност помеѓу нашите сетила и околината“, се вели во соопштението.

Џулиус е физиолог на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско. Најпознат е по истражувањето на рецепторите кои реагираат на ментол, масло од сенф и капсацаин.

Патапутијан е биолог во Истражувачкиот центар Скрипс, а неговата работа е фокусирана на јонските канали и рецептори кои се активираат со температура, допир или проширување на клетките.

Нобеловата награда во оваа област ја доделува Шведската кралска академија, и е во вредност од 10 милиони шведски круни или 1,1 милион долари.

Патапутиан: „Телефонот ми беше ставен на „ не вознемирувај “, па не ги добив телефонските повици, дознав од татко ми“

Ардем Патапутиан дознал дека е добитник на Нобелова награда од неговиот 92-годишен татко, откако генералниот секретар за Нобеловото собрание и Нобеловиот комитет, Томас Перлман, не успеал да го добие на телефон.

– Всушност, мојот телефон беше ставен на „ не вознемирувај “, така што не ги добив неговите телефонски повици, појаснил Патапутиан.

Телефонско интервју со Ардем Патапутиан, по објавувањето на Нобеловата награда за психологија или медицина за 2021 година, на 4 октомври 2021 година. Го интервјуира Адам Смит, директор за наука на Нобеловата награда.

(извор: nobelprize.org )

Ардем Патапутијан Дејвид Џулиус нобелова награда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.