Published: Friday, October 7, 2016 11:46
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос е добитник на Нобеловата награда за мир за оваа година, објави Норвешкиот Нобело комитет.
Светските медиуми ова го толкуваат како изненадување, бидејќи Колумбијците на референдум го отфрлија договорот што Сантос го потпиша со марксистичките бунтовници од ФАРК, со кој требаше да се стави крај на 52.годишната војна.
Сантос вети дека ќе го оживее мировниот план и покрај исходот од неодамнешниот референдум на кој Договорот е одбиен со тесно мнозинство, додавајќи дека многумина од гласачите сметале дека е попустлив спрема герилците.
Нобеловата награда за мир е во висина од 930.000 долари и ќе биде врачена на 10. декември во Осло.




