И ноќва продолжуваат земјотресите во Скопје, кои иако нефатални, го вознемирија населението и предизвикаа повреди кај десетици граѓани. Во 01:32 минути по полноќ во среда скопјани го почуствуваа веќе 13 земјотрес во два дена, кој според Европската сеизмолошка опсерваторија бил со јачина од 3 степени по Рихтеровата скала.
Според истиот извор, епицентарот бил на 6 километри североисточно од Скопје и на три километри од селото Црешево, речиси на истотот место каде досега беа регистрирани и другите потреси во изминатите денови од неделата, и на длабочина од 5 километри.
Најсилен земјотрес досега беше оној во неделата во 15:10 попладне со јачина од 5.3 рихтерови степени