Норвешката премиерка Ерна Солберг ја искористи паузата меѓу нејзините две официјални обрски денеска во Братислава и во стариот дел од словачката престолнина ловеќе покемони.
Солберг која инаку е страствен гејмер во придружба на своите телохранители, високи норвешки функционери и медиумите го искористи слободното време меѓу два состаноци и додека е шетала низ Братислава со мобилниот телефон ја играла една од најпопуларните игри во моментов.
Како што изјавила за тамошната телевизија ТВ2 се обидела да го фати еден од најретките покемони поради кој некои играчи мораат да минат и по десетици километри.
Солберг која своевремено била и љубителка на играта Кенди краш минатата недела изајви дека била фасцинирана од Покемните, еден ден откако во два медиуми изјавила дека не ја игра играта.
– Помладата сестра ме предизвика да играм откако пронајде еден Покемон на мојата тераса, изјави норвешката премиерка.




