Нов блог на тема Лајф коучинг, отвори новинарката Ида Протугер. Таа по образование е психолог и реши своето знаење, но и искуство што и ја донесе професијата новинар, да ги прошири со нова дообука во Лајф коучинг (Life coaching and counceling) во Виена, Австрија.

Професијата Лајф коуч или како што се преведува на македонски, тренер за личен развој, помага на сите оние кои имаат потреба од професионално советување при важни одлуки, одредени предизвици, кризи или унапредување на личниот раст. Кризите и проблемите може да се каде било, на работно место, партнерски однос, семејство, лични предизвици и сл.

Протугер вели дека обуката за Лајф коучинг која таа која таа ја следи во Виена трае пет семестри, односно две и пол години и сега го завршува последниот:

-Обуката ни е за повеќе области: бизнис коучинг, организирање на семинари на различни теми, team building семинари, советување на парови, индивидуален коучинг. Мене лично пракасата ми покажува засега дека најмногу “ми лежи” индивидуалниот коучинг, односно разговор.

Секој човек е свет за себе и сечиј контекст и доживување на тој контекст се единствени. Оттука имам чувство дека најмногу на луѓето им помага индивидуален пристап во разбирање на нивниот контекст и целта кон која се стремат, вели  Протугер за НОВА.

Блогот е спој на нејзината навика и желба за пишување стекната како новинар, во комбинација со новите теми и професионални предизвици кои и се во фокусот, со оглед а фактот што формалното образование и е Факултет за психологија и е доволно стручна, едуцирана и квалификувана за да се бави со Лајф коучинг, кој помага да се осознаат и усовршат предизвиците и на професионален и на приватен план кај луѓето, преку градење на стратегии и методи заедно со тренерот, за исполнување на оваа цел.