Published: Tuesday, January 2, 2018 13:13
Околу 135 бегалци и мигранти со пластичен чамец стигнале на Лезбос на првиот ден од новата година. Во исто време брод на Фронтекс спасил од давење 38 бегалци и мигранти источно од островот Самос кои со чамец тргнале од Турција кон Грција. Тие биле пренесени во центрите за прием на бегалци.
Вкупно 25 илјади бегалци и мигранти од Турција пристигнале на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос во текот на 2017 година. Половина од нив дошле само на островот Лезбос, покажуваат официјалните податоци на грчките власти.
Во текот на минатата година најмногу пристигнувања имало во септември, а најмалку во февруари.




