Во уште еден вооружен напад во САД убиени се тројца полицајци, а уште тројца се повредени. Нападот се случил во Батон Руж во сојузната држава Лујзијана, каде се денови се одржуваат протести против полициската бруталност, по убиството на еден нивен жител.
Полицијата верува дека се работи за еден напаѓач, кој е убиен во престрелката кој делувал смаостојно, иако претходно имаше информации дека заседата ја поставиле двајца или тројца напаѓачи.
Локалните медиуми објавија дека напаѓачот е афроамериканец од Канзас сити.
Во Батон Руж со денови се доржуваа протести против полицикското насилство, особено по убиството на 37 годишниот жител, татко на пет деца.
На еден од протестите, во Далас пред повеќе од една недела еден од толпата пукаше кон полицајците белци кои го обезбедуваа протестот и уби петорица.




