Во вооружен напад на милитантите во Кабул, денеска загинаа 11 војници.
Според Министерството за одбрана, петмина напаѓачи ја нападнале воена база во близина на една од главните воени академии во Авганистан , при што 11 војници загинаа и 15 се повредени.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во близина на воената академија на Маршал Фахим во западниот дел на градот, во кој четворица од вооружените лица беа убиени, а еден е заробен.
Безбедносните претставници на местото на настанот рекоа дека напаѓачите користеле скали за да го преминат ѕидот.
Исламската држава во средата изврши напад врз канцеларијата на хуманитарната група “Спасете ги децата” во источниот град Џалалабад, во кој загинаа шест лица.
САД ја зајакнаа својата помош за авганистанските безбедносни сили и воздушните напади врз Талибанците и другите милитантни групи, со цел да се надмине ќор-сокакот и да ги принуди бунтовниците на преговарачката маса.




