Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов напад врз Кијив со ракети и дронови

0
By Zoran Ivanov on January 20, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 20, 2026 08:19

Русија синоќа изврши силен напад врз Кијив, главниот град на Украина, користејќи балистички ракети и беспилотни летала, соопштија украинските власти. Во нападот избувнале пожари на инфраструктурни објекти, а во делови од градот дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, информираше дека на левиот брег на градот, како последица од нападот, биле регистрирани сериозни нарушувања во енергетската и водоводната мрежа. Тој посочи дека објектите од општествено значење преминале на автономно напојување за да се обезбеди нивно непречено функционирање.

Според украинските власти, има информации за една жртва во Дњепровскиот округ, каде што биле погодени и нестанбени објекти. Во истиот дел од градот експлозиите предизвикале оштетувања на високи станбени згради, а едно лице, 59-годишна жена, било повредено од ударниот бран. Оштетени биле и десетици возила.

На друга локација, беспилотно летало се урнало на отворен простор, при што избувнал пожар и изгореле повеќе автомобили, објавија украинските медиуми. Началникот на Градската воена администрација на Кијив, Тимур Ткаченко, потврди дека во Дњепровскиот округ избувнал пожар во магацин, по што противпожарните екипи интервенирале на терен.

Украинските служби за итни интервенции продолжуваат со процена на штетите, додека жителите на погодените делови од градот биле повикани да ги следат безбедносните препораки и официјалните информации од надлежните институции.

Кијив напад Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.