Во Кривичниот суд за денеска закажано е судење за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во овој предмет обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, за проневера на околу 360.000 евра.

Минатото рочиште беше одложено, поради како што образложи судијката Добрила Кацарска,  што се уште не е добиен одговор за поднесена жалба од Апелацискиот суд. Од истата причина беше одложено и претходното рочиште.